Вардар со „плус 7“ од првиот меч со Еурофарм Пелистер

126
Вардар со „плус 7“ од првиот меч со Еурофарм Пелистер

Вардар го доби првото дерби против Еурофарм Пелистер со 31-24 (13-10) во меч полн со возбуда, полни трибини и многу темперамент на теренот и трибините. Со овој триумф Вардар направи чекор напред кон одбрана на титулата, иако има и реванш, и ова беше 5 коло од вкупно 14 колку што се планирани.

Првиот дел од натпреварот помина во изедначена игра. Воведната иницијатива и минимална предност ја имаше Еурофарм Пелистер се до 13. минута кога Манасков го врати Вардар во минимално водство по воведните 1-0. Секоја грешка и одбранет удар значеше многу на семафорот.

Битолчани одиграа добро во одбрана и за момент ги неутрализираа нашите напаѓачи, па Вардар тешко наоѓаше начин како да го совлада Урбан Лесјак. Имаше Пелистер и водство од 8-7, што беше нивно последно водство на средбата.

Во самиот финиш на првиот дел, Жарко Пешевски постигна гол за израмнување на 10-10, а оттогаш до крајот одбраните на Томовски и една на Ристовски од пенал му овозможија на Вардар предност на полувреме од 13-10.

Веднаш по паузата Томовски продолжи со добрите одбрани, а Вардар ја зголеми разликата на пет голови. Танкоски за момент го запре налетот на Вардар, кој продолжи со нова серија од 3-0 за 18-11 по шест минути игра во вториот дел. Еурофарм Пелистер во 44 минута намали на четири голови (22-18). Но Вардарци имаа свој одговор преку двата гола на Георгиевски за 24-18.

Разликата се одржуваше до самиот финиш. „Црвено-црните“ со голот на Талески во 57 минута имаа и седум голови предност 31-24, а Лесјак не дозволи плус осум откако го запре цепелинот на Вардар кој го завршуваше Манасков.

Статистика од мечот – Vardar-Eurofarm Pelister 31-24 

Фото-галерија од натпреварот 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Секој храбар политичар мора да гледа во иднината барем 10 години нанапред
Следно соопштениеВИДЕО: ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ П.