Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот

120
Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот

Со две победи во четвртфиналната група од Купот, ракометарите на Вардар се пласираа на Ф4 турнирот каде ќе го бранат трофејот од лани. Во финалниот меч од групата чиј домаќин беше Вардар, нашите ракометари со 37-24 (19-12) го победија Скопје.
Претходно во полуфиналето од групата, Вардар го победи и Охрид со 38-30.

Средбата против Скопје требаше да биде само рутина за Вардар, и така и беше. Убедливо триумфираа „црвено-црните“, а тренерот Владо Недановски имаше можност да комбинира со тимот на паркетот, да им даде шанса и на оние што немаат можност секогаш да имаат голема минутажа.

На овој меч игравме без Борко Ристовски, Милан Лазаревски, Дарко Ѓукиќ. Иако беа во составот, не влегоа во игра Дејан Манасков, Филип Талески и Мартин Томовски. Но, и оние што играа покажаа дека можат да бидат добри замени.

Дуелите од Купот против Охрид и Скопје беа и последна контрола пред следниот важен натпревар од домашното првенство против Еурофарм Пелистер. Тој меч е закажан за следниот викенд во Скопје.

Скопје имаше последен пат „активен резултат“ во 9 минута кога беше 5-5. Потоа шампионот почна да ја зголемува предноста која на полувреме беше 19-12.

Беше потоа само рутина да се одиграат вторите 30 минути. Брзо дојде Вардар и до предност од повеќе од десет гола. Во 53 минута првпат имаа вардарци „плус 13“ за водство 34-21, и таа разлика остана и н акрајот од средбата.

Најефикасен кај Вардар беше Јан Чувара со девет гола, а Марко Мишевски постигна еден помалку.

Фото-Галерија од натпреварот 

Статистика од натпреварот – Vardar1961 – Skopje KUP 2023

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСо Ковачевски денес нашата држава е фактор на стабилност во регионот, вреднувана од САД и ЕУ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер рутински се квалификува на уште еден Ф4 на Купот на Македонија