Вечерва се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на СОУ „Јане Сандански“ – Општина Струмица

110

Под наслов „Historia de un Amor“, вечерва во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на СОУ „Јане Сандански“. Посетителите, меѓу кои и членови на Советот на општина Струмица, имаа можност да уживаат во најубавите латиноамерикански песни, преку настапот на учениците – солисти, хористи, танчери и членови на хорот, под менторство на професорите Анита Станковска и Денис Кирчанов.

Бројните аплаузи на отворена сцена покажаа дека и годинава Новогодишниот концерт ги оправда очекувањата на струмичани.

И овој концерт на струмичките „гимназијалци“ беше поддржан од страна на градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПовик за прибирање понуди за развивање проектен визуелен идентитет
Следно соопштениеПомала цена на струјата за граѓаните за 5,16% од прв блок