“Вело родео” во Кисела Вода во рамки на Европската недела на мобилност

133
“Вело родео” во Кисела Вода во рамки на Европската недела на мобилност

Настан со еколошки потпис вчера се одвиваше во паркот Шопен во Кисела Вода во рамки на Европската недела на мобилност. Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на здружението на граѓани ,,Eco Logik” заедно со Europe house се одржа работилница “Вело родео”, која на креативен и полезен начин ја пренесе годинешната порака на манифестацијата “Движи се рационално, штеди енергија”.

 Mеханичари и уметници им дадоа можност на учесниците да ги поправат или разубават своите велосипеди. Најмладите уживаа во дружењето паралелно унапредувајќи ги своите велосипедски вештини. Промовирањето на велосипедизам во насока на здрав концепт на живеење и заштита на животната средина беше дополнето и со работилница со лего коцки.

Општина Кисела Вода ќе продолжи со поддршка и промоција на вакви и слични настани кои ги мотивираат граѓаните да применуваат современи еколошки практики со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски до Груевски: Немам намера од јавни преписки кои се дел од сценариото за создавање на раздор, во корист на оваа власт, зa Македонија не смее да има пазар и договори под маса
Следно соопштениеПоевтинуваат над 500 производи од 25 категории, СДСМ го штити стандардот на граѓаните