Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

58
Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune.

Успехот на македонската култура, беше потврден и од Венециското биенале, кое ја става Македонија и нашата култура и историја на светската културна мапа, е уште еден успех на заложбите на Владата.

Делегација предводена од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја претставија македонската архитектура не само преку бетон и форми, туку и нашата историја и идентитет.

За потсетување, додека СДС не знае дали Љутков е министер за култура или министер за туризам, тој ја претставува Македонија гордо низ светот и привлекува туристи, прави конекции низ светот за потенцијални инвестиции и работи на развивање на државата.

Да успееја СДС барем 10% да направат за културата од тоа што оваа Влада го прави за 10 месеци, ќе имавме квалитетна култура, а не култура која има прокиснати театри, нула кина, нула филмови, нула сали, пари за песни за УЧК и пари за дресови и мечиња.

Еден совет до СДС, помалку да зборат за културата во Македонија, а повеќе да гледаат и учат!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели
Следно соопштениеКаранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада