Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде

41
Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство.

Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини.

Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани.

Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијата.

Филипче е човек со дамки и лузни, кои ќе ги носи целиот живот.

И сите знаат за ова, само неговото и на Заев обвинителството, предметите ги чуваат во фиока.

Затоа, Венко Филипче треба да одговара, затоа, правда мора да има.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, не се договара со луѓе што прашуваат колку чинат животите од Кочани
Следно соопштениеФилипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ