(Видео) Мицкоски или ја лаже јавноста, или не знае како гласаат неговите советници во Центар

2
(Видео) Мицкоски или ја лаже јавноста, или не знае како гласаат неговите советници во Центар

Советот на Општина Центар покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија, СДСМ и ДПМНЕ повторно настапуваат како едно. И покрај аргументите и предупредувањата на Левица, советниците на двете партии заеднички го изгласаа Нацрт-ДУП-от за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје.

Наместо да ја преземе политичката одговорност за ваквото гласање, премиерот Христијан Мицкоски реши да ја негира очигледната реалност и да ги лаже граѓаните. Тој јавно тврдеше дека советниците на ДПМНЕ не го поддржале Нацрт-ДУП-от, иако од самата седница јасно се гледа што било ставено на гласање и како гласале советниците на неговата партија.

Премиерот или свесно ја манипулира јавноста за да ја намали политичката штета од одлуката на сопствените советници, или навистина не знае што прават кадрите на неговата партија во Општина Центар. И двете можности се подеднакво загрижувачки.

Фактите, сепак, не можат да се релативизираат. Советниците на ДПМНЕ и СДСМ гласаа „ЗА“ Нацрт-ДУП-от за Водно. Единствено Левица гласаше против и предупреди дека повторно јавниот интерес се жртвува за сметка на интересите на капиталот и градежната мафија.

The post (Видео) Мицкоски или ја лаже јавноста, или не знае како гласаат неговите советници во Центар first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАДЕТИТЕ ГИ ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ЗА БЕЛГРАД
Следно соопштениеНационализација на вториот пензиски фонд ќе спаси три милијарди евра како плен за неспособната Влада