(ВИДЕО) Важно е да се интегрираат лицата со попреченост во носење на политики, да се изградат нови спортски сали и стадиони, да нема корупција во здравството, а граѓаните да имаат еднаков пристап до здравствените услуги, а тебе што ти е важно?

137
(ВИДЕО) Важно е да се интегрираат лицата со попреченост во носење на политики, да се изградат нови спортски сали и стадиони, да нема корупција во здравството, а граѓаните да имаат еднаков пристап до здравствените услуги, а тебе што ти е важно?

Почитувани, 

Се поголем број на граѓани се приклучуваат во кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и објавуваат кратки пораки на социјалната мрежа фејбук што за нив е важно во секоја сфера од животот.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска објави порака во која вели дека за неа важно е да се вклучат лицата со попреченост во носење на политиките.

Важно е да се интегрираат лицата со попреченост во донесување на политиките, рече Димитриеска Кочоска.

За пратеникот Љупчо Димовски важно е земјоделското земјиште да се распредели на винските земјоделци.

Важно е чесна распределба на земјоделското земјиште, истакна Димовски.

Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Христовски смета дека важно е да изградат нови спортски терени, сали и стадиони за спортистите.

Важно е да се изградат нови спортски терени, сали и стадиони за спортистите, посочи Христовски.

Портпаролот Наум Стоилковски испрати порака дека за него важно е да има повеќе пари за шоферите и да има кој да ги вози автобусите во ЈСП.

Важно е да има пари за шоферите, да има кој да ги вози автобусите на ЈСП, изјави Стоилковски.

Доктор Петар Марков вели дека за него важно е да нема корупција во здравството, докторите да имаа пристојни услови за работат, а пациентите еднаков пристап до здравствените услуги.

Важно е да нема корупција во здравството, докторите да имаат пристојни услови за работа, а пациентите еднаков пристап до здравствените услуги, кажа доктор Марков.

За Бојан Никовски важно е во Македонија да има квалитетно образование кое ќе биде признаено во светот.

Важно е да имам квалитетно образование, признаено во светот, а тебе што ти е важно, праша Бојан Никовски.

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, „Важно е! Од тебе зависат промените“ има за цел да се слушне гласот на граѓаните и да се обединиме сите против лошото владеење.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат и да го кренат гласот за промените!

Секој од вас е подеднакво важен бидејќи од вас зависат промените.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКинеската амбасада донираше таблети за ООУ“Рајко Жинзифов” во Драчево
Следно соопштениеРАДОСЛАВ СТОЈАНОВИЌ ГО ОБЈАВУВА СПИСОКОТ НА РАКОМЕТАРИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ – Ракометна Федерација на Македонија