Виктор Чакаровски денес се натпреваруваше во дисциплината спринт крос-кантри, соочувајќи се со силна конкуренција од 70 натпреварувачи. Тој го заврши своето учество на 68. место. Виктор на ЕМОФ беше придружуван од својот тренер Борче Јованоски.
Настапот на Европскиот младински олимписки фестивал е големо искуство за Виктор, кое ќе му помогне во понатамошниот спортски развој.
