Вистина е дека не само што Ковачевски нема мнозинство за уставните измени, туку и дека голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Устав, затоа Ковачевски се плаши и растура пердуви

110
Вистина е дека не само што Ковачевски нема мнозинство за уставните измени, туку и дека голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Устав, затоа Ковачевски се плаши и растура пердуви

За приказните на Ковачевски дека едно се зборело пред јавноста, а друго пред амбасадорите добро е Ковачевски пред да растура пердуви, да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Ковачевски.

Втора работа цела година Димитар Ковачевски кажува дека има мнозинство не знаеме зошто и сега дефокусира со ВМРО-ДПМНЕ и му се потребни, ако е уверен дека има пратеници, нека одат во собрание да проверат дали е така.

Вистината е дека не само што нема мнозинство, одговорно тврдиме дека голем дел од пратениците на СДС не поддржуваат уставни, затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени, и само растура пердуви.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени бидејќи не даваме кредибилитет на некредибилен процес. Нашиот став за уставни измени е непроменет и ова собраниски состав нема легитимитет за тоа. Доколку дојде до предметна дебата во Собрание ние ќе ги кажеме аргументите против насилно носење на уставни измени под бугарски диктат.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ НА МОДУЛОТ „ДИЈАГНОСТИКА, ЛЕКУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПОСТКОВИД СИМПТОМИ“ ВО МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР
Следно соопштениеЗошто се опструираат институциите, која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ во лажните дојави за бомби?