Витаминка и СОС Детско село – ЗАЕДНО за топол дом, љубов и грижа за секое дете

4
Витаминка и СОС Детско село – ЗАЕДНО за топол дом, љубов и грижа за секое дете

Со голема благодарност и радост ја најавуваме новата кампања со нашиот стратешки партнер Витаминка АД Прилеп, преку која со секое купено специјално пакување на Стоби Флипс се издвојуваат средства за поддршка на децата и младите поддржани од СОС Детско село.

Под слоганот „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“, кампањата ја пренесува пораката за заедништво, емпатија и општествена одговорност – вредности што ги обединуваат Витаминка и СОС Детско село во нивната посветеност кон подобро детство за секое дете.

Собраните средства ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, кој обезбедува психолошка поддршка и специјализирана едукација со рехабилитација за децата и младите поддржани од СОС Детско село.

„Од срце му благодариме на тимот на Витаминка за нивната искрена посветеност и хуманост, со кои уште еднаш покажуваат дека се општествено одговорна компанија што вистински се грижи за заедницата и верува во создавање подобро и посреќно општество за сите деца.“

Заедно ја градиме промената — чекор по чекор, ден по ден, насмевка по насмевка.

The post Витаминка и СОС Детско село – ЗАЕДНО за топол дом, љубов и грижа за секое дете appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКаранфилова Пановска: Далибор Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанин
Следно соопштениеФилипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија