Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8000 денари

30
Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат.

Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната.

Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените.

Оваа позитивна тенденција не е ограничена само на одредени сектори, раст бележат информациите и комуникациите, транспортот, рударството, недвижностите, и многу други дејности, што покажува дека напредокот е широк и го опфаќа целото општество.

Инфлацијата се стабилизира, економијата расте, а платите продолжуваат нагорна патека. И ова е само почетокот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на уште подобри економски резултати во иднина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ ВЛОЖУВА ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР
Следно соопштениеЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО КАРПОШ