Владиниот пулен Темелко Ристески ги извиси пензионерите

136
Владиниот пулен Темелко Ристески ги извиси пензионерите

Во време кога пензионерите здружено се обединија да го побараат тоа што реално им следува – пензии кои ќе им овозможат достоен живот – наместо поддршка, добија критика од претседателот на Партијата на пензионерите – Темелко Ристески.

Темелко Ристески, наместо како претседател на Партијата на пензионерите да ги застапува нивните интереси, излезе со став дека линеарното зголемување на пензиите не било правично и дека треба тие со поголеми пензии да имаат поголемо зголемување, бидејќи плаќале поголема придонеси во ПИОМ.

Инаку, Ристески важи за верен владин апологет, кој стана познат за јавноста кога се обзнани негов извештај до Министерството за одбрана, каде меѓу платените активности, се и пропагандни текстови за власта на СДС.

Од тука, јасно е дека претседателот на партијата која што, не само што треба да ги подржи барањата на пензионерите – туку треба и да ја предводи нивната борба – наместо да застане рамо до рамо со пензионерите кои што протестираат, очигледно се бори за ЛИЧНИ интереси, а не за интересите на сите пензионери!

Јавно го прашуваме Ристески – дали тој би издржал еден месец со минимална пензија, како што преживуваат мнозинството пензионери?

Левица како партија која се бори за социјална правда, го поддржува денешниот протест на пензионерите и ги повикува и останатите граѓани да се придружат на заедничката борба за достоинствен живот на сите!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеШто направи власта и што треба да прави во иднина со шарлатанот Касами?
Следно соопштениеНародот е се посиромашен, реалната плата е помала за 5.2%, платите, пензиите и другите примања се со се помала вредност