Власта да смогне сили и да се извини пред јавноста, за монтираниот случај „Делчевски ниви“, кој падна во вода

111
Власта да смогне сили и да се извини пред јавноста, за монтираниот случај „Делчевски ниви“, кој падна во вода

Ако е останата барем една трошка морал во оваа власт, треба веднаш да се извини на ВМРО-ДПМНЕ, за овој случај, кој намерно беше конструиран, за да нанесе штета на партијата.

Самото обвинителство, кое е под контрола на ДУИ и СДС, се откажа од овој случај, поради недостиг од докази, а со тоа се докажува за колку беспредметен случај се работи.

Како што констатира самото обвинителство дека од истражната постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата, кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.

Чекаме извинување од власта пред граѓаните, кои се обидоа истите да ги доведат во заблуда, измислувајќи и монтирајќи непостоечки случај.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис?
Следно соопштениеПреку ИПАРД обезбедуваме силна поддршка за земјоделството и стопанството