Власта во Град Скопје СДС, Левица и ДУИ гласаа 2 милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП

169
Власта во Град Скопје СДС, Левица и ДУИ гласаа 2 милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП

Почитувани,

Власта во Град Скопје СДС, Левица и ДУИ гласаа речиси 2 милиони евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП. Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левица и ДУИ со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиони евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Градот Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левица. Овие пари ќе се трошат на нови вработувања, тендери и набавка на резервни делови од омилените компании на Данела Арсовска.

Тајната коалиција стана јавна, а Арсовска покажа дека е личност чии раце се натопени во криминал.

Јавноста мора да знае дека неспособноста и неработата имаат име и презиме, а тоа се врзува со Данела Арсовска и јавната коалиција СДС, Левица и ДУИ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРасадник добива нов паркинг за 130 возила, четврт за овие две години
Следно соопштениеЗапочна асфалтирањето со втор слој на улицата „Младинска“ – Општина Струмица