ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница, нека празникот донесе мир, спокојство и хармонија

5
ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница, нека празникот донесе мир, спокојство и хармонија

ВМРО-ДПМНЕ им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани припадници на исламската заедница, со желби за мир, спокојство, хармонија и здравје.

Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста, на хуманоста, кои се принципи за обединување и поврзување.

Македонија има традиција на меѓусебно почитување и разбирање меѓу сите граѓани и почитување на различностите. Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме инклузивно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви, почитувани и сигурни, без разлика на нивната етничка, верска или културна припадност. Само преку заемна почит, толеранција и заедништво можеме да создадеме посилна, посигурна и попросперитетна држава за сите.

Во духот на празникот, да покажеме хуманост, да подадеме рака на оние на кои им е потребна помош и да ги негуваме вредностите што не обединуваат како општество.

Нека празничните денови донесат мир, љубов, хармонија и среќа во вашите семејства.

Нека е честит празникот Курбан Бајрам!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧеститка на Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците
Следно соопштениеИзвестување за техничка исправност/неисправност на вода за пиење