ВМРО-ДПМНЕ на средба со претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на Американскиот совет за млади политички лидери

169
ВМРО-ДПМНЕ на средба со претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на Американскиот совет за млади политички лидери

Денес, во официјална посета на ВМРО-ДПМНЕ, беа претставници од политичкиот систем во САД, како дел од програмата на Американскиот совет за млади политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија.

Потпретседателите Александср Николоски и Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, претседателот на УМС Сергеј Попов и членот на ИК на УМС Дамјан Коњановски разговараа со делегацијата за политичкиот систем во Македонија и за предизвиците со кои се соочуваме како држава, за развојот и учеството на младите во креирањето на политиките.

Преставниците на ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност за долгогодишната соработка која Македонија ја има со САД и дадоа уверување дека истата во иднина ќе се продлабочува.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ГО ЗГОЛЕМИ СВОЈОТ КАПАЦИТЕТ ЗА УШТЕ 100 ДЕЧИЊА
Следно соопштениеСтрумица има Центар за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман – Општина Струмица