ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска

15
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност.

Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка.

Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДС, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДС, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС.

Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно да нема една изборна единица, но Левица нема да се откаже
Следно соопштениеДржавата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 проценти