ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити

1
ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележи 36-от роденден на партијата, која се бореше и донесе независност на татковината, направи многу проекти чиј бенефит го чувствуваат граѓаните и ја претставува државата исправено, гордо и достоинствено пред светот.

Од друга страна ја имаме партијата СДС, која е на маргините поради нивните лоши политики и односот кон граѓаните. Тие својот роденден го прославија во затворено во дворот на Бихаќка каде заедно со умислените елити на партијата, громогласно го поздравуваа аболицираниот криминалец Заев и неговиот потрчко Филипче.

И сфаќаме дека се плашат и нема ниту збор од СДС за она што се актуелни теми. Уплашени и кукавички се кријат зад соопштенија додека Филипче шета низ светот.

Тоа е евидентната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние сме заедно со народот, а тие бегаат од него.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Од Струмица ја испраќаме најсилната порака, вечерва покажуваме дека идејата ВМРО-ДПМНЕ е посилна од кога и да е
Следно соопштениеДодека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест