Во 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ отпочнува капитален инвестициски циклус вреден над 934 милиони денари

103
Во 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ отпочнува капитален инвестициски циклус вреден над 934 милиони денари

Во периодот кој што следи, од напролет, 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе влезат во голем инвестициски циклус. Овој циклус подразбира сериозни капитални инвестиции и проекти кои општините ги имаат целосно подготвено и кои ги имаат поминато сите процеси на ревидирања и преостанува отпочнување на нивната реализација.
Се работи за доградби, реконструкции и новоградби на улици, патишта, училишта, детски градинки, амбуланти, спортски сали, фабрики, мостови и многу други капитални проекти. Вкупниот износ на овој инвестициски циклус надминува над 934 милиони денари.
Сите овие инвестиции ќе имаат огромно значење за општините и за стандардот за живеење на граѓаните. Впрочем тие произлегуваат од потребите и барањата на народот во тие општини, а преку посветена работа се доведени до пред ниво на отпочнување на градба. Со отпочнувањето на градежната сезона на пролет, ќе започне и реализацијата на овој капитален инвестициски циклус.
Граѓаните лесно може да ја воочат разликата помеѓу концептот на работа и посветеност кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ и концептот на криминал и корупција кој го манифестира власта на ДУИ и СДС.

Во 15 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ отпочнува капитален инвестициски циклус вреден над 934 милиони денари

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ ја покачи просечна плата на 39.000 денари, повеќе за сите работници
Следно соопштениеПовеќе за сите, СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари, највисока досега