ВО КАРПОШ ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ПОДИГАЊЕ НА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА

69
ВО КАРПОШ ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ПОДИГАЊЕ НА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА

Во текот на денешниот ден во реонот на населбите Карпош 3 и 4 инспекциските екипи од локалната самоуправа во соработка со колективниот постапувач, вршеа подигање подигање на стари отпадни (хаварисани) возила, согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Првенствено се подигаат отпадните возила без регистарски таблички а по истекот на рокот даден со Решение за опомена, ќе се пристапи кон подигање на останатите возила. Со зголемен интензитет оваа акцијата продолжува и во урбаните заедници Влае 1 и Влае 2.

Во оваа прилика Општината повторно апелира до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возила, особено на оние на кои е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКЦК ПРОДОЛЖУВА СО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НИЗ КАРПОШ
Следно соопштениеВладата ја ограничи маржата за 1.000 производи, МВР со нов мултимедијален центар за обука