ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ МЕРИ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

39
ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ МЕРИ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Општина Карпош на своја територија започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти. Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина. Во таа насока, согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани одредени неправилности, стручните служби од општината ќе спроведат соодветна прекршочна инспекциска постапка до стопанските субјекти. Целта на оваа контролна акција е намалување односно спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој директно влијае на квалитетот на живот на карпошани, поточно врз одржување на здравата животна средина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРаководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ,  нереформирано СДС е штетно за државата и за самата опозиција
Следно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ