Во продажба се билети за дуелот со Алкалоид

60
Во продажба се билети за дуелот со Алкалоид

За следниот домашен натпревар од плејофот во домашното првенство против Алкалоид од денеска во продажба се пуштени БИЛЕТИ за натпреварот.

Продажбата на билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Купување на билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-alkaloid2

Натпреварот Вардар – Алкалоид е закажан за 23 април 2026 година во 18 часот.

Цените на билетите се следните:
Блок: A2, A3, A5, A6 – 300 денари
Блок A1, A4, – 250 денари
Блок: Г, 4, 5, 7, 12, 13, 14, 15 – 250 денари
Блок: А, 1, 2, 3, 8, 11, 16 – 200 денари

На истиот натпревар ќе има големата прослава на 65 РОДЕНДЕН на РК Вардар.
По тој повод, ракометарите на Вардар ќе настапат во ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар. Подготвуваме и уште многу изненадувања со кои ќе го прославиме овој важен јубилеј на нашиот Вардар!

Час и половина порано (околу 16,30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона поддржана од нашите спонзори, а наменета за сите посетители.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТЦИЈА W17 ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ОД 14 РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ЗА НАСТАП НА СВЕТСКОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
Следно соопштениеФилипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните