Во продажба се блок билети за дуелите од Лига Европа ‼❤🖤

93
Во продажба се блок билети за дуелите од Лига Европа ‼❤🖤

За следните два домашни натпревари од Главната фаза во ракометната Лига Европа од денеска во продажба се пуштени БЛОК БИЛЕТИ за двете средби на Вардар, со Мелсунген и со Бенфика.

Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена. Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа.

🤾 Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари.

Блок билетите ќе се продаваа од денеска (понеделник – 9 февруари 2026) па се до 16 февруари 2026 година до полноќ.

Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20,45 часот, а дуелот Вардар – Бенфика ќе се игра на 3 март во 20,45 часот.

Цените на блок билетите се следните: 🎫

Блок: A2, A3, A5, A6 – 700 денари

Блок: G, 5, 6, 13, 14 – 600 денари

Блок A1, A4, 4, 7, 12, 15 – 500 денари

Блок: 3, 8, 11, 16 – 400 денари

Блок: A, 1, 2, 9 – 300 денари

Вардар ја стартува Главната фаза од Лига Европа со два бода, а во групата се уште и екипите на Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад. Со шведскиот тим Кристијанштад веќе се сретнавме во групната фаза и го победивме во Скопје.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра
Следно соопштениеРешение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица