ВО ТЕК ОБНОВА НА ЧЕШМИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ВО КАРПОШ

33
ВО ТЕК ОБНОВА НА ЧЕШМИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ВО КАРПОШ

Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови. Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност. Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФактите ја демантираат СДС, за две години ВМРО-ДПМНЕ исплаќа повеќе субвенции отколку СДС и ДУИ за три години
Следно соопштениеЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНАТА ЕКСКУРЗИЈА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ