Времето на економски грабеж заврши, ВМРО-ДПМНЕ води вистинска грижа за секој еден граѓанин

31
Времето на економски грабеж заврши, ВМРО-ДПМНЕ води вистинска грижа за секој еден граѓанин

Од СДС не очекуваме конструктивна или пак аргументирана критика, туку празни соопштенија кои ги пишуваат колку да помине денот. Тоа е само доказ дека кај нив владее очај и паника, од тоа што следи во октомври, а тоа е историски најголем пораз на СДС.

Времето кога инфлацијата беше над 20%, кога граѓаните живееја со 150 денари на ден, кога платите и пензиите стагнираа во нивно време – сега тоа време заврши. Сега сме сведоци на поинаква политика која е исклучиво во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Состојбата која ја наследивме беше тешка и лоша, но не се предадовме туку работевме и денес продолжуваме во ист правец.

Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ 5 економии во Европа. Држава во која платите растат во образованието, културата, полицијата, здравството, пензиите се зголемуваат – сега веќе и до 7000 денари за само 18 месеци!

Растот на БДП е 3.2% што е убедливо подобар од минатите години на владеење на СДС. Индустриското производство бележи раст од 9,4%, извозот на земјоделските производи е зголемен за 50% во споредба со минатата година. Исто така, многу важно е да се напомене дека после долг период, ребаланс на Буџет ќе се прави поради зголемени приходи, а не поради минус.

Овие индикатори значат раст, развој и економска стабилност како и правилно управување со јавните финансии. Ова значи чесно и домаќинско работење, за добробит на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави граѓаните како што тоа го направи СДС, туку напротив, ќе работи за подобрување на стандардот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС против СДС, кога беа на власт не успеаја да го договорат Казанџи, сега кога ВМРО-ДПМНЕ го договори, не им одговара
Следно соопштениеБитиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните