Втора фаза дезинсекција со цел уништување на комарци » Општина Прилеп

177
Втора фаза дезинсекција со цел уништување на комарци » Општина Прилеп

Од понеделник 17.07 до четврток 20.07.2023 во периодот од 22 до 05 часот на територијата на општина Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп, ќе ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

ПретходноВо Општина Прилеп интензивно се асфалтираат и се уредуват градските улици

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски ги изневери граѓаните, градоначалниците на ДПМНЕ се најголемо разочарување
Следно соопштениеКонцесиите за Иловица се дадени од ДПМНЕ и Груевски, СДСМ од прв ден е против