Втора победа за женската сениорска репрзентација во квалификациите за EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија

134

Женската сениорска репрезентација на Македонија денес ја запиша втората победа во квалификациите за пласман на EHF EURO 2024 во Австрија , Швајцарија и Унгарија.

Денес во Вилнис против репрезентацијата на Литванија сениорките ја запишаа втората победа, а со тоа се и чекор поблику до пласман на ЕП 2024.

Почетното водство го имаше домашната селекција преку Колосове уште во првата минута од натпреварот, а нашата репрезентција веднаш потоа го изедначи резултатот преку Сара Ристовска со погодок од 7 метри. Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 08:10 по петнаесетина минути игра. Погодоците за нашата селекција ги постигнуваа Сара Ристовска, Јована Саздовска и Андреа Седлоска. Нашите ракометарки успеаа да го задржат водството и на полувреме се замина со резултат 15:17.

Без сериозни проблеми и контролирајќи ја играта во текот на целото второ полувреме , избраничките на Кристијан Грчевски успеаа да слават значајна победа во квалификациите.

Репрезентацијата на Македонија по две оддигра кола има две победи а исто толку има и нашиот следен противник во квалификациите , а тоа е репрезентацијата на Шпанија.

Сара Ристовска заедно со ракометарката од противничката репрезентација Аусра Арцисевискаја ја предводеа листата на стрелци со по девет постигнати погоци, следеше Андреа Седлоска со осум , а по шест погодоци постигнаа Јована Саздовска од Македонија и Симона Колосове од Азербејџан.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДејан Георгиевски освои златен медал на „Загреб опен“
Следно соопштениеММФ прогнозира двојно поголема инфлација од Ковачевски и владата, лошите политики ја влечат Македонија во бездна