ВТОРО И ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД „ПЕТАР ПОП АРСОВ“

93
ВТОРО И ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД „ПЕТАР ПОП АРСОВ“

Според  официјалните резултати кои беа објавени од државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа на 1. јуни на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје,  учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ постигнаа одлични резултати. Имено, ученичката Ива Бухова под менторство на наставничката Билјана Ромевски освои 91 поен, со што го обезбеди второто место на државниот натпревар. Солиден резултат постигна и ученичката Ева Симоновска под менторство на наставничката Марија Петкова која освои 85 поени, заземајќи го третото место на овој престижен натпревар.

 

Под менторство на наставничката Марија Танеска пофалници и респектабилен пласман обезбедија и шестоодделенките Ксенија Дабеска и Мила Кацкаровска. Со пофалници на истиот натпревар се закитија и Исидора Фидановска и Бисера Матоска. Учениците и нивните ментори со високо постигнатите резултати достоинствено го претставија своето училиште и општина Карпош, пред очите на академската јавност.

  

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат
Следно соопштениеДоколку во Европа се случеше скандал како овој со хируршките сали, истиот ден одговорните функционери ќе беа „искуферени“, а  следниот ден ќе почнеше постапка за правна одговорност