ЗА СЕДУМ ГОДИНИ СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЈА НАМАЛИВМЕ ЗА 74 ПРОЦЕНТИ – Министерство за Здравство

145
ЗА СЕДУМ ГОДИНИ СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЈА НАМАЛИВМЕ ЗА 74 ПРОЦЕНТИ – Министерство за Здравство

Светскиот ден на предвремено родените деца беше повод министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити да ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде овие мали борци се згрижуваат.

Министерот Меџити истакна дека е среќен што може да ја сподели информацијата дека битките со предизвиците кои ги носи предвременото породување сѐ почесто ги добиваме.

-Статистиките покажуваат дека почнувајќи од 2017 година, досега за 74%  е намалена смртноста на предвреме родените бебиња, таа во 2016 година изнесувала 25 проценти за во 2023 година да достигне 5,6 проценти, информираше Меџити.

За време на посетата, министерот Меџити нагласи дека овој фантастичен напредок е резултат на  унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и обуки на персоналот на клиниката. Одличните резултати тој ги препиша на ефикасната стратегија со која се унапредени условите за родилките и е обезбедена врвна нега за новороденчињата.

-Морам да нагласам дека здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА. Министерството за здравство ќе остане посветено на креирање средина каде што предвремено родените бебиња ги добиваат највисоките стандарди на грижа, пристап до иновативни третмани и потребна поддршка за развој, посочи Меџити.

Министерот Меџити истакна дека од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство излегле многу насмеани семејства со бебиња, кои се родиле само со неколку стотина грама, од кои најмалото било само 660 грама и најави дека ќе бидат вложени сите напори оваа позитивна практика да продолжи.

ЗА СЕДУМ ГОДИНИ СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА ЈА НАМАЛИВМЕ ЗА 74 ПРОЦЕНТИ – Министерство за Здравство

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСе организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДАБНИЦА
Следно соопштениеМицкоски: СДСМ ветуваше нов студентски град во Скопје, но и по 6 години на власт нема ништо од ветеното, ниту лопата немаат фрлено