За скандалозниот надзор ангажиран техничар со средно образование со доволен 2 успех, за 5.600 евра месечно

101
За скандалозниот надзор ангажиран техничар со средно образование со доволен 2 успех, за 5.600 евра месечно

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА “ЕКСПЕРТИТЕ”

СЕДИ, ДОВОЛЕН (2), ПОВЕЛИ 5600 ЕВРА МЕСЕЧНО.

Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“.

Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи.

Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство.
Така за позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2).
За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно.

Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина.

Избори веднаш, за да запре ова соголување на државниот буџет.

*Поради заштита на лични податоци, од наша страна покриени се одредени информации во Свидетелство за завршено средно образование и во формуларот за Биографијата на предложениот експерт.

https://www.facebook.com/100064532088808/posts/pfbid02z9SEYAvpy9Y6T7aCvyWVbVdgGBxA3qNzW48sADS1WKHiWHRLBZE9dSt8KDfvsKnol/?mibextid=Nif5oz

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВРЕМЕНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО КАРПОШ
Следно соопштениеОпштина Струмица во соработка со Општина Василево поднесе апликација за проект со наслов “Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“. – Општина Струмица