За животната средина не смее да се одлучува позади затворени врати Левица

10
За животната средина не смее да се одлучува позади затворени врати Левица

На денешната седница на Советот на Општина Кавадарци имаше дискусија за позитивното мислење кое општината го издала за предмет кој никогаш не бил презентирал пред советниците!

Станува збор за нов тешкозагадувачки капацитет на чија јавна презентација граѓаните бурно реагираа против негово отварање!

Советникот од редовите на Левица, Круме Богевски го поддржа бунтот на граѓаните кои собраа 5000 потписи против отварање на рециклажен центар за гума во Општина Кавадарци и изјави:

„Токму при јавната презентација беше соодветно бојкотирањето на расправа за отварање на нов Г1 тешкозагадувачки капацитет во Општина Кавадарци и оправдан е бунтот на граѓаните!

Не смее никој да молчи кога се подготвува некое повредување на животната средина, заради тоа што поради молчење имаме низа на пропусти во општината и згради каде што никогаш не требало да има згради!

Очекувам во иднина и за сечење на едно дрво да се крева голем бунт заради тоа што ситуацијата со животната средина и онколошките болни во Кавадарци е легитимна причина!

Во иднина било какво писмо со намера за спроведување на студија за основање на загадувачки капацитет МОРА да биде презентирана на Совет со што советниците ќе добијат можност да го задолжат градоначалникот да даде негативно мислење. Сѐ освен тоа би отворило сомнеж дека постои организирана шема!“-заклучи Богевски.

Едногласно беше прифатен предлогот на Левица да секоја намера за отварање на тешкозагадувачки капацитети биде точка на Дневен ред на советот пред да одлучува градоначалникот по нејзе!

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМинистерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците Левица
Следно соопштениеСДС и ДПМНЕ целосно ги игнорираат бегалците од конфликтот во 2001-ва Левица