Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

88
Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата.

Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица.

Ова покажува дека СДС или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата.

Очекуваме утре по овој принцип да не обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег.

Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДС е на дното.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАВЕН ПОВИК за доделување на парична помош за секое новородено/посвоено дете на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
Следно соопштениеУкинување на техничка влада, криминал, корупција, Груевски – се враќаме во 2016 година