Во рамки на проектот Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики се одржа и третата работилница во Струга, на тема: “Зајакнување на лидерските вештини кај девојките во Македонија”. На работилницата се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат младите девојки во спортот и начини како да се дојде до позитивна промена во спортското општество. Продолжуваме и понатака да градиме капацитети преку активна младина со цел добивање на родово еднаква лидерска фела во спортот!