📅 Што следува?
Втор вебинар закажан за февруари, со кој продолжува заедничкиот процес на учење.
Клучниот настан на проектот: Самитот за спортска дипломатија, кој ќе се одржи во Скопје во април.
Оваа иницијатива има особено големо значење, бидејќи го поставува темелот за создавање на првиот Центар за спортска дипломатија на Западен Балкан, регионална платформа посветена на унапредување на дијалогот, соработката и меѓусебното разбирање преку спорт.
