ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „СОЛУНСКА“ НА ПОТЕГОТ ОД ТРЕТА РЕОНСКА ДО УЛИЦА „ПЕЦО БОЖИНОВСКИ“

18

Продолжува реконструкцијата на патната инфраструктура во Битола. Денес започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“. Во следната фаза продолжува другиот дел од реконструкцијата до улица „Мирка Гинова“. Со работните активности на терен предвидена е комплетна реконструкција на улица „Солунска“, а оваа фаза вклучува реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 25.000.000 денари. Паралелно, продолжува асфалтирањето и во Населбата „Недопирливи“.    

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект согласно член 58 став(6)
Следно соопштениеСоветниците на Левица поднесоа иницијатива во која се бара итна седница на советот на Општина Велес за спас на езерото Младост Левица