Започна да функционира и Локален младински совет на општина Струмица – Општина Струмица

180
Започна да функционира и Локален младински совет на општина Струмица – Општина Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја одржа  првата официјална средба со членовите на новоформираниот Локален младински совет на општина Струмица.

На средбата разговараа за функционирањето и целите на Локалниот младински совет, како и за актуелните младински прашања и предизвици и нивните решенија.

Градоначалникот Костадинов е задоволен од досега направеното, со што и се реализира неговот предизборно ветување дека Струмица ќе биде град на младите.

Покрај формирањето на Локалниот младински совет, изработена е и од Советот усвоена Локална стратегија за млади 2023-2027, Младинскиот центар во општинската зграда е во завршна фаза, обезбедена е финансиска поддршка за младинските бизнис иницијативи, а Општината има и официјален службеник за млади.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат
Следно соопштениеЧуден е молкот на Јавното обвинителство за модуларната болница, ИРЛ ги потврди сомнежите кои ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе уште пред 2 години, одговорност мора да има