ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ТУМБЕ – КАФЕ – СМОЛЕВО

111

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов, денес извршија увид на активностите за почеток на реализација на проектот за изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево. Градоначалникот Коњановски, информираше дека покрај на овој проект, на терен се работи и на други локации, а ја најави и планираната динамика на општината за дел од оваа градежна сезона: “Денес, се наоѓаме на една посебна локација, која за сите нас битолчани значи многу, особено со почетокот на топлите денови, во кои многу сограѓани имаат навика да пешачат во овој дел на градот. Токму затоа, почетокот на градежната сезона го користиме за реализација на овој важен проект, кој градот го заслужува, а се однесува на Изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, проект кој локалната самоуправа го реализира во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари и верувам дека согласно договорената динамика, оваа летна сезона, ќе имаме еден прекрасно уреден простор за одмор и рекреација. Додека, траат овие активности, паралелно веќе сме во завршна фаза со реконструкција на улиците во населба Недопирливи, потоа во Долно Оризари, оваа недела очекувам целосно да биде завршена улицата Захарија Шумлјанска кај Светонеделските гробишта, а пред асфалтирање се и улиците во Горно Оризари, каде што се работи на водоводна, канализациона мрежа и нов коловоз. Продолжуваме со реконструкцијата на улица Солунска, се поставува хоризонтална сигнализација на улица Крушевска република, ќе се асфалтира отворената делница […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗавршна Конференција во рамки на проектот „¬Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на Ковид 19 и идни катастрофи“
Следно соопштениеЛевица останува единствена партија која е за прекин на преговорите со Бугарија Левица