ЗАПОЧНА ПРЕВЕНТИВНАТА АКЦИЈА НАСЛОВЕНА „ВНИМАТЕЛНО ОД СВОЈОТ ДОМ ДО УЧИЛИШТЕ И НАЗАД“

9

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола заедно со СВР-Битола, АМД „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, Народна техника-Битола и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот, денеска на првиот училишен ден ја отпочнаа превентивната акција „Внимателно од својот дом до училиште и назад“. Акцијата има за цел да ги опфати сите првоодделенци во нашата Општина и преку предавања адекватни на нивната возраст, да им се објаснат сообраќајните правила и прописи за нивно безбедно вклучување во сообраќајот како пешаци. Денеска акцијата започна со првоодделенците во ОУ „Елпида Караманди“-Битола и „Даме Груев-Битола. На учениците им беше посакано среќно поаѓање во училиште и им беа поделени подароци (тетратки со сообраќајни знаци, моливи, боенки, линеари и сл), а за наставниците беа обезбедени постери како дидактички материјал.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНовата учебна година во Струмица ја започнаа 451 ученик во прво одделение
Следно соопштениеОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ГО ЗАПОЧНАТ 715 ПРВАЧИЊА