ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

159
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните екипи од општината извршија увид на воведните градежни работи за реконструкција на улицата „Драгорска“. Инфраструктурните активности започнуваат со реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, каде работните активности ќе ги извршува КЈП Нискоградба, во должина од 522 метри, додека на реконструкција на водоводната мрежа ќе работи јавното претпријатие „Водовод“.

Вкупната вредност на проектот, вклучувајќи ја канализационата, водоводната мрежа и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

The post ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСредба со селекторот на карате репрезентацијата на Македонија
Следно соопштениеКаде се парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ која ги има сите управни одбори