ЗАПОЧНА СЕЗОНАТА НА ЗЕЛКИТЕ – Karpos.gov.mk

201
ЗАПОЧНА СЕЗОНАТА НА ЗЕЛКИТЕ – Karpos.gov.mk

Од изминатиот викенд, во Општина Карпош започна  традиоционалниот пазар на зелките,  кој ќе трае еден месец. Локалната самоуправа на   мештаните- земјоделци од населбата Бардовци  и Злокуќани и  оваа година им обезбеди  времено користење на просторот кој ќе биде наменет за продажба на производи за претстојната сезона.

Ова населено место во Општина Карпош  е надалеку прочуено по производство и пласман на овој вид зеленчукова култура, и токму  во овој период, кога зелката е стасана како готов производ, локалната самоуправа им излегува во  пресрет на земјоделците и  на еден  поорганизиран начин го уредува просторот на кој се наоѓа пазарот за зелки.

Времениот пазар  е поставен на улицата „ Скупи“. Општината  сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне  локалната микро трговија и земјоделско производство.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Хемотерапиите биле давани на пациентите во торбиче, а Клиниката за онкологија фактурирала како да им дале терапија на Клиниката
Следно соопштениеМицкоски: Извештај од ФЗО кажува дека „Дивото месо“ и скандалот на Oнкологија се уште се случува, канцер мафијата непречено си работи и денес