Започна Велигденскиот пост – Karpos.gov.mk

85
Започна Велигденскиот пост – Karpos.gov.mk

Почитувани карпошани,

Православните христијани го одбележаа празникот Прочка – Велики поклади, ден посветен на меѓусебното простување и духовно  очистување пред почетокот на Велигденскиот пост.  Суштината на Прочка е едноставна, но длабока – да побараме прошка од ближните и да им простиме од срце. Проштевањето е суштинско и е израз на љубовта и првиот чекор кон духовно обновување и чиста душа пред постот.

Градоначалникот Сотир Лукровски и Општина Карпош упатуваат искрени желби кон сите православни христијани кои денес го започнуваат Велигденскиот пост

Постот не е само воздржување, туку и пат кон духовно смирување, молитва и христијански начин на живеење.

Нека овој свет период ви донесе мир, надеж и среќа во исчекувањето на најголемата христијанска радост Велигден..

За многу години!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДетскиот карневал ја потврди иднината на струмичката традиција
Следно соопштениеСтрумица блесна во боја и маски – над 1.000 учесници во најголемата карневалска поворка