ЗАПОЧНАА РАБОТИЛНИЦИТЕ ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“

56

Денес, во Кино Манаки во Битола, започнаа работилниците кои се дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, која се реализира во партнерство со Општина Битола, а носи наслов „Крени глас против врсничко насилство“. Во денешната работилница беа вклучени дел од учениците од 12 основни училишта од општината, кои заедно со стручните служби од училиштата, стекнатите знаења треба да ги споделат со своите соученици. Целта на работилниците е да се спречи булингот како aгресивно однесување преку кое некој намерно и континуирано предизвикува психичкa, физичка или социјална штета на друго лице. Во процесот на градење на личноста, учениците учат како да припаѓаат на светот и го бараат своето место во групата на врсници, а наставниците имаат можност да направат промена, додека училиштата имаат одговорност да постапат правилно доколку забележат булинг. „Покрај важните училишни задачи, овие ученици минуваат низ бурен развој и го осознаваат животот. Адолесцентите поминуваат низ различни искуства и имаат различни потреби. Тоа може да биде период од животот кој е многу позитивен и забавен, но исто така е период кој може да биде предизвикувачки и оптоварен со стрес. Адолесцентите се на пат да станат возрасни во општеството. Сликата за себе која ја градат во овој период ќе остане нивно обележје и понатаму во животот. При крај на адолесценцијата тие ќе го дефинираат својот идентитет и интегритет, затоа, ова е значајна можност да се изградат себеси како вреднувани, сакани, значајни и успешни личности. Во потрага по идеалната верзија за себе, тие ќе експериментираат. Ќе ги користат сите свои ресурси за да […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеХЕРА: Отворен првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – РК Еурофарм Пелистер: Ќе ги запознаеме меѓународните институции за срамната одлука за Купот