ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

204
ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри. Улиците ќе бидат асфалтирани во должина од 1370 метри, за што општина Битола инвестира 6.400.224 денари. Проектот се реализира по барање на жителите на селото Егри, кои изразија голема благодарност до градоначалникот, што нивното барање за подобра инфраструктура, наиде на слух кај локалната самоуправа и како што беше неодамна најавено веќе се работи на терен.

The post ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштение21 Maj – осамостојување на Црвениот крст на РCМ
Следно соопштениеРамо до рамо во Македонска Каменица: Националното обединување да го потврдиме на дело, со глас за Европа!