Заштита на спортистите од физичко и психичко вознемирување и сексуално злоставување

105
Заштита на спортистите од физичко и психичко вознемирување и сексуално злоставување

Во Загреб, Хрватска се одржа првиот координативен состанок на партнерите кои учествуваат во проектот:  Safeguarding children in sport (GUARD).

Македонскиот Олимписки комитет ќе учествува заедно со Олимписките комитети на Хрватска, Романија, Полска, Грција, Словенија и Литванија во истоимениот проект кој е под водство на Европска Унија и ќе трае 36 месеци. Целите на овој проект се воспоставување на системи и механизми за заштита на спортистите од физичко и психичко како и сексуално вознемирување и злоставување. Преку обука и насочување ќе се изгради структура за безбеден амбиент за младите спортисти кој ќе се имплементира во сите спортски федерации.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДа го потсетиме Стево Пендаровски што е уличен жаргон – покажува дека освен што нема кредибилитет и интегритет тој е и лицемер
Следно соопштениеСООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички Проект » Општина Прилеп