Завршена обуката за Напреден спортски менаџмент на класа 2022/23

136
Завршена обуката за Напреден спортски менаџмент на класа 2022/23

Претседателот на МОК, Даниел Димевски им додели дипломи на сите оние кои во периодот 2022/2023 ја завршија обуката за Напреден спортски менаџмент на Меѓународниот олимписки комитет.

По тој повод, претседателот Димевски им ја честиташе завршената обука на сегашните и идни спортски административци и истакна дека: 

“Без врвна спортска администрација и врвни експерти во областа на спортскиот менаџмент, невозможно е да се постигнат врвни спортски резултати. На спортистите мора да им се обезбедат врвни услови за тренинг и натпревар, а нивните тренери треба да ги тренираат спортистите односно да ги подигнат нивните спортски перформанси за да постигнат врвни спортски резултати. Се друго, мора да биде изработено на највисоко ниво од страна на едуцирана и врвна спортска администрација.“ 

Инаку оваа обука водена според стандардите и правилата на Меѓународниот олимписки комитет се состои од модули кои се однесуваат на Организација на Олимписки и спортски организации, Спортскиот маркетинг, Стратешкиот и финансискиот менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, организација на големи спортски настани, анти-допинг програми и работа на Спортско Арбитражниот суд.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТренчевска: Се грижиме за повозрасните, од декември финансиска поддршка за пензионерите
Следно соопштениеВТОРООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СО ЛИКОВНИ ПРИЗНАНИЈА ОД ЊУЈОРК