Заврши 52-та седница на Советот на општина Струмица

52
Заврши 52-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица донесе одлука за поставување на спомен обележје – биста на нашиот музичар Ѓорги Ѓоргиев и трагично загинатите во пожарот во Кочани. Ова е само една од одлуките коишто денеска беа усвоени на 52 -та седница на Советот.

Советниците донесоа одлуки за давање на времено користење на објект на Алпиинистички клуб СКАЛА и општинско фудбалско игралиште на ФК АП БРЕРА, одлука за кофинансирање на проекти во рамките на јавни повици организирани преку РЕЛОАД 3 проектот финансиран од УНДП, за тројца граѓани беа изгласани предлог одлуки за давање парична помош, а беа усвоени и годишните планови за вработување во општинските основни и средни училишта.

На денешната седница беа усвоени и повеќе одкуки од областа на урбанизмот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите – нема пари за деца, лица со попреченост и жртви на насилство
Следно соопштениеСДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз