Завршија настапите на ЗОИ 2026 за македонските натпреварувачи

47
Завршија настапите на ЗОИ 2026 за македонските натпреварувачи

На Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“, нашата млада претставничка Јана Атанасовска не успеа да ја совлада патеката ниту во денешниот слалом. 

По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка на самиот старт од првото возење, со што предвреме го заврши своето учество на овие Олимписки игри и нема да настапи во втората трка.

Иако очекувањата беа големи, неискуството и преголемата желба за успех на најголемата спортска сцена беа пресудни овојпат. Олимписките игри носат огромен притисок, а денешниот настап е само уште еден чекор во градењето на кариерата на нашата надежна скијачка.

На Јана ѝ посакуваме многу повеќе среќа, успех и уште подобри резултати на сите следни натпреварувања.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостадиновска-Стојчевска: Поддршка за работниците, заслужуваат поголеми плати!
Следно соопштениеГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ФОРМАЛИЗАЦИЈА НА НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА:ПРЕКУ СОРАБОТКА ДО УСПЕХ“