Збирка со колумните на ХЕРА за ТРН

123
Збирка со колумните на ХЕРА за ТРН

Со големо задоволство ви ја претставуваме збирката колумни што во текот на 2023 година ги подготвивме и објавивме на порталот ТРН.

Петнаесетте текстови што ги подготвија членови на ХЕРА даваат одличен приказ на состојбата со сексуалните и репродуктивните слободи и права на луѓето во нашата држава, почнувајќи од дезинформациите за сеопфатното сексуално образование и антиродовата пропаганда, преку феноменот на насилството и системските пропусти поради кои затајуваме, па сè до социјалната правда и правото на абортус и семејно планирање.

Овие колумни не ја одразуваат само овдешната реалност, туку и нашата работа. Па така, протагонисти во овие текстови се токму општествено исклучените граѓани и граѓаните во ранливи ситуации – жените и децата, луѓето коишто живеат со ХИВ, Ромките, младите, ЛГБТИ луѓето, жените со попреченост – за чии сексуални и репродуктивни права неуморно се залагаме.

Оттука, изразуваме голема благодарност до порталот ТРН за отстапениот медиумски простор и за укажаната доверба да „боцнеме“ на теми поврзани со сексуалните и репродуктивните права и слободи. Изразуваме голема благодарност и до нашите членови без кои овие текстови не би постоеле, а кои храбро споделија свои ставови и свои лични искуства – како граѓани и како стручни лица – свесни дека личното секогаш е политичко.

Збирката колумни е достапна тука.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗлосторничка коалиција на дело, СДС, ДУИ и Левица, како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Арсовска
Следно соопштениеКрводарителни акции