На свеченото доделување на наградите по 28-ми пат на манифестацијата „Најуспешни жени менаџери за 2024″, организирана од агенцијата „Марили” за најуспешни менаџери беа прогласени жени менаџери од Македонија, Србија и Хрватска.
Г-ѓа Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска член на Управен одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија и сопственик на компанија Камел 98 основана од 1981 година како семејна команија од прехранбената индустрија, со три производни објекти и палета со повеќе од 300 производи, е една од добитниците на награда на најуспешните жени менаџери од земјава и регионот во избор на „Марили”.
![](https://chamber.mk/wp-content/uploads/2024/05/Zaneta-6-6.jpg)
“Жените во бизнисот се свесни за предизвиците со кои се соочуваат, особено додека се обидуваат да се искачат на корпоративната скала до извршни позици, улогата на жени успешни претприемачи е сè позначајна за економијата и нивните иновативните идеи се одличен извор за надминување на економската криза. Тие се отворени за нови идеи и нови заложба да се успее во бизнис светот. Секако, претприемачката иницијатива со себе носи одредени одрекувања, фокусот, секогаш е крајната цел е да овозможите непрекинлив тек на процесите во компаниите, да ја задржите конкурентноста на пазарот и да одговорите максимално професионално на потребите на соработниците и клиентите. Она кон кое постојано ја насочувам мојата енергија се растот и развојот на компанијата и одржувањето на бизнисот во чекор со светските трендови. Како сопственик, но пред сè, како професионалец, се трудам сето мое досегашно искуство да го пренесам на тимот со кој секојдневно работам и заедно тимски да постигнуваме успешни резулати. На светот, на нашата земја, на регионот му се потребни силни, успешни, жени лидери во сите дејности. Како претставнички на бизнис секторот и во време на специфични услови за водење на бизнис докажаме заедно дека со стабилни стратегии и мерки успеавме да ги пребродиме предизвиците со кои тековно се соочуваме, поддршката од семејството е битен фактор за успешен кариера, флексибилноста во семејството е важна за постигнување баланс меѓу професионалниот и личниот живот”, истакна Жанета Бадароска Ѓорѓиевска и се заблагодари во своето обраќање и на поддршката од сопругот успешен долгогодишен бизнисмен сопственик на ,,Специјал Продукт”.
![](https://chamber.mk/wp-content/uploads/2024/05/Zaneta-4-4.jpg)
Манифестацијата „Избор на најуспешни жени” преку Марили Бизнис клубот, спојува жени менаџери, а идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век, за бидат пример и поттик за генерациите кои доаѓаат по нив“, наведува генералниот менаџер Лидија Трипуновска од „Марили“.
Многу од денешните нови производи потекнуваат токму од малите претпријатија и тие откриле повеќе од една половина од главните иновации во последните 30 години, тоа е дополнителен поттик за младите претприемачи да имаат храброст и иницијатива да основаат своја компанија.